Мапата која ја објави еден љубител на геограгија стана вирална на социјаланта мрежа X затоа што на неа се претставени европските земји во кои странците најверојатно ќе бидат послужени со храна во домот на локалното население, како и државите во кои има минимални шанси да се случи тоа.
Темно сината боја претставува дестинации каде што речиси секогаш ќе добиете храна од локалците, светло сината каде што често ќе ве послужат со храна, розевата каде што е малку веројатно да ве послужат со храна, а црвената каде што речиси никогаш нема да ви понудат оброк.
Врз основа на мапата можете да заклучите дека земјите на југот на Медитеранот и на Балканот се меѓу најгостољубивите, додека тоа не е случај со државите на северот. Во јужниот дел од Германија, Австрија, Швајцарија и во делови од Велика Британија ретко ќе добиете храна од домаќините. На северот на Германија, Холандија и скандинавија речиси никогаш нема како гостин да биде понудени со храна.
Некои луѓе на социјалните мрежи беа шокирани поради резултатите од мапата. Најголемо изнендување за многуминба ирски корисници на социјалната мрежа X биле приказните за Шведска, која е една од земјите каде што е најмалку веројатно да ви понудат вечера кај некого дома.
(Bizlife)
(фото: X)