Нова студија покажа дека над милијарда луѓе во светот се гојазни

- Advertisement -

Според најновите проценки на Светската здравствена организација и меѓународни групи на истражувачи, над милијарда луѓе во светот денес се сметаат за гојазни, што се поврзува со зголемен ризик од бројни сериозни здравствени проблеми.

Гојазноста е толку распространета што стана почеста од неухранетоста во најголем дел од земјите, вклучувајќи и многу други држави со ниски и средни приходи, кои претходно се бореле со неохранетост.

- Advertisement -

Овие наоди, кои се сметаат за најмеродавни независни проценки, се базираат на податоци од над 220 милиони луѓе во светот во над 190 земји. Додека стапката на гојазност се стабилизра во многу побогати земји, во други земји брзо расте. И додека недоволната тежина станува се повообичаена на глобално ниво, во многу земји таа станува сериозен проблем, оставајќи се повеќе држави да се соочуваат со она што е познато како дупли товар на неухранетоста.

Додека во минатото гледавме на гојазноста како на проблем на богатите, гојазноста денес е светски проблем. Стапките на гојазност кај возрасните се повеќе од дулирани од 1990 до 2022 година, а се повече од четирикратно зголемени меѓу децата и адолесцентите на возраст од 5 до 19 години.

- Advertisement -

Во истиот период, уделот на девојчиња, момчиња и возрасни кои се сметаат за неухранети паднал за 1/5, 1/3 и 1/2 соодветно, покажала анализата.

Недоволната тежина може да биде многу штетна за развојот на децата и во најекстремни случаи, состојбата може да доведе до смрт од глад. Гојазните луѓе, исто така, се изложени на ризик од прерана смрт и инвалидитет со оглед на поврзаноста со раниот почеток на дијабетес, болести на срцето и на бубрезте и ниската стапка на други сериозни здравствени состојби.

- Advertisement -

Податоците биле добиени во 2017 година, а ги составиле над 1.500 научници. Во тој момент проценето е дека околу 774 милиони луѓе постари од 5 години живееле со гојазност.

(Bizlife)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -