Најголемиот симулатор на вселенска средина, познат и како земјина вселенска станица, почна со работа во Кина после направените тестирања. Станува збор за Space Environment Simulation and Research Infrastructure (SESRI), која се наоѓа во Харбин Сити на североисточниот дел на Кина.
Растечките вселенски амбиции на Кина не се ограничени на лансирањрто на летала и ровери, ни само на вселенски станици. Оваа земја сака да стане една од водечките сили во вселената до крајот на оваа деценија, односно застрашувачка вселенска сила до 2045 година. Кина лансира амбициозни проекти во различни домени врзани за вселената, вклучувајќи воспоставување бази на Месечината/
За астронаутите во неа да бидат сигурни, на Кина и е потребно подобро да ги разбере сложените и сурови услови на средината во која ќе функционираат вселенските станици. Наместо лансирање летала во орбитата поради собирање клучни податоци, Кина изгради станица на Земјата, која на поповолен начин ја реплицира средината на вселената.
Станицата беше одобрена во 2015 година, а ја изгради Технолошкиот институт Харбин во компанијата China Aerospace Science and Technology Corporation. Се наоѓа во Паркот за наука и технолошки иновации Харбин и има четири главни лаборатории. Секоја од лабораториите е дизајнирана за проучување специфични аспекти од вселе4нската технологија, а сите вкупно имаат површина од околу 50 фудбалски игралишта. Лабораториите имаат симулатори кои реплицираат различни вселенски услови како што се микрогравитација, екстремно ниски температури, вселенска прашина и соларна радијација.
SESRI почна со пробна работа минатата година и беше одобрена после прегледите и тестирањето. Сега научниците ќе можат да ја користат за поставување свои параметри и спроведување експерименти во зависност од потребите на науката и инженерството. Договори за користење на станицата веќе потпишаа 110 универзитети и институти од 30 земји во светот, а се очекува дека ќе привлече глобални талени од целиот свет.
(Klix.ba)
(фото: X)