Вештачка интелигенција ќе препознава дали некое вино е лажно или не

- Advertisement -

Измамниците кои се обидуваат да продадат копии на врвно вино наскоро ќе мора да се соочат со вештачка интелигенција. Научници обучија алгоритам кој ќе го следи хемискиот состав на виното и прецизно ќе може да одреди од каде потекнува грозјето од кое е направено виното.

Истражувачите користеле машинско учење за да ги разликуваат вината врз основа на сутпилни разлики во концентрацијата на бројните единици, што им овозможува да го следат потеклото на виното не само до одреден регион, туку и до конкретно лозје, каде што е направено виното.

- Advertisement -

„Има многу измами со вино во кои луѓето прават некакви мешавини во гаражи, печатат етикети и ги продаваат за илјадници долари. Прв пат покажуваме дека имаме доволно осетливи хемиски анализи за да можеме да ја забележиме разликата“ вели професорот Александат Пуже од Универзитетот на Женева.

За да ја обучат програмата научниците користеле гасна хроматографија, која е користена за анализа на 80 вина правени во текот на 12 години од 7 различни имоти во регионот Бордо во Франција. Оваа техника вообичаено се користи во лаборатории за одвојување на соединенијата кои се дел од смесата.

- Advertisement -

Наместо да се обидува да ги пронајде поединечните соединенија кои ги разликуваат вината едно од друго, алгоритамот се базира на сите хемикалии откриени во виното за да направи список со сите. Програмата ги прикажува своите резултати на дводимензионална мрежа, каде што виното со сличности се групираат во групи.

Истражувањето за оваа студија треба да се појави во списанието „Communications Chemistry“ и укажува на тоа дека машинското учење може да помогне во истражувањето на измамите така што ќе потврдат дали виното одговара на етикетата.

- Advertisement -

Во Европа лажните пијалаци се одговорни за годишна загуба од 3 милијарди евра. Неодамнешните случаи ја истакнаа големината на криминалните мрежи кои се активни во индустријата.

(RTCG)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -