Неочекувано откритие кое ги крши основните правила на физиката

- Advertisement -

Основно начело на физиката е дека честичките со спротивен набој меѓусебно се привлекубваат, додека оние со ист набој се одбиваат. Но, сега научници од Универзитетот Оксфорд открија дека во одредени околности честичките со ист набој може да се привлекуваат.

Тимот научници откриле дека честичките со ист набој суспендирани во течности може да се привлекуваат една со друга на големи растојанија, во зависност од растворот и преднзнакот на набојот. Оваа студија има непосредни импликации на процесот кој вклучува интеракција во раствори на различни должини, вклучувајќи самосоставување, кристализација и одвојување на фазите.

- Advertisement -

Освен што со ова се поништуваат досегашните верувања, овие резултати имаат и непосредни импликации врз низа процеси кои вклучуваат интеракции меѓу честички и молекули на различна оддалеченост, вклучувајќи самосоставување, кристализација и одвојување на фазите.

Ова откритие е изненадување затоа што изгледа дека противречи на основниот електромагнетен принцип дека силата меѓу два набои со ист предзнак е одбивна на секакви растојанија.

- Advertisement -

Користејќи микроскопија со посветло поле тимот ги следел негативно наелектризираните микрочестички од силициум диоксид потопени во вода и открил дека честичките меѓусебно се привлекуваат и формираат хексагонално распоредени форми. Позитивно наелектризираните честички од анимиран силициум диоксид не формирале кластери во вода.

Утврдено е дека овие ефекти ависат од pH вредноста на течноста. Така, тимот можел да го контролира формирањето кластери од честички со менување на pH вредноста. Сепак, без разлика на pH вредноста, позитивно наелектризираните честички никогаш не формирале кластери.

- Advertisement -

Студијата за ова откритие е објавенаљ во списанието Nature Nanotechnology.

(Vidi.hr)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -