Арктикот во наредните неколку години ќе доживее денови бев воопшто мраз

- Advertisement -

Арктикот во текот на наредните неколку години би можел да ги доживее своите први летни денови без мраз, објавија научници. Арктичкиот мраз се топи побрзо во текот на четните месеци, со што се намалува површината на зеледени океани, а потоа повторно замрзнува во текот на зимските месеци.

Но ледената покривка се намалува како резултат на глобалното затоплување, па направените проценки за тоа кога Арктикот би можел да остане без мраз во текот на месец септември, кога ќе го достигне својот минимален опсег на крајот на летото.

- Advertisement -

Без мраз не значи дека нема воопшто да има мраз, но научниците ова го дефинираат како простор со помалку од 4 милиони квадратни километри ледена покривка, што е само 20% од просечната минимална покривка од 1980-тите години.

Таквите услови би имале многу ефекти: од зголемување на загреваењето со намалување на капацитетот на одбивањето топлина од белиот мраз до притисок на дивите животни како што се поларните мечки, предизвикувајќи преселување на новите врсти на риби во Арктичкиот Океан и зголемување на бројот на човечки активности како што е поморскиот транспорт.

- Advertisement -

Студија на Универзитетот Колорадо Боулдер во САД ги анализирала постојните податоци за предвидувањата на движењето на морскиот лед и на податоците за покриеноста со морски мраз од климатските модели за да се види како би се менивал Арктикот секјдневно во иднина.

Студијата е објавена во списанието ature Reviews Earth and Environment и во неа се вели дека најраниот септември без воопшто мраз би можел да се случи од 2020-тите до 2030-тите години, според сите проценки за количината стакленички гасови кои луѓето ги испуштаат во атмосферата, а веројатно ќе се случи до 2050 година.

- Advertisement -

Научниците велат дека сите претходни проценки за Арктикот без мраз се фоксуриале на просечните месечни услови за септември, а не на поединечни денови. Бивната анализа покажува дека тоа може да се случи на дневна основа, а не на месечна, и тоа со години порано.

Научниците проценуваат дека првата појава на дневна база мез браз на Арктикот се очеува да се случи четири години порано за целиот сеептември, а би можело да се случи и 10 или повеже години истовремено.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -