Легура цврста како челик која поднесува секаков притисок затоа што нејзините пукнатини сами се поправаат е најновото достигнување на технологијата, која овој пат си игра со агрегатните состојби и фазните премини. Имено, во студија објавена во списанието Matter, наречена „Biological self-healing strategies from mechanically robust heterophasic liquid metals“. се објаснува новото откритие – метал кој ги поправа своите „рани“ како живото ткиво на коските или кората на дрвјата, на пример.
Инспирацијата за трудот бил механизмот наречен ETR (emulsion exudation, nutrition transportation, tissue regeneration). Станува збор за тоа дека до клетките во оштетеното ткиво продира емулзија со хранливи материи кои им овозможуваат да ги затворат пукнатините. Меѓутоа, овде не се работи за емулзија, туку за течен метал кој на местото на пукнатината се претвора во цврста состојба. Затоа новиот материјал се нарекува ETR-M, каде што М означува метал.
Ссето тоа звучи апстрактно додека не знаеме за каков метал станува збор. Овде зборуваме за легура на галиум, индиум и бизмут, кои прават една смеса која се наоѓа делумно во цврста, а делумно во течна состојба (solid-liquid metal, SLM или цврсто-течен метал). Зошто баш таа легура? Затоа што галиумот е метал со точка на топење од само 30 степени Целзиусови, па затоа и легурите лесно се топат.
Легурата SLM се состои од честички од цврст метал опкружени со течен метал, но составот на цврстиот и на течниот метал не е ист. Далиумот, индиумот и бизмутот градат легури со различен состав и баш на промената на тој состав се базира процесот на залечување. Се заедно изгледа комплицирано, но резултатот е нешто сосема едноставно – легура со состав Ga20Bi20In60 која сама си ги поправа пукнатините зак ако и се даде доволно време. Имено, процесот на поправање на пукнатините може да започне веќе на температура од 37 степени Целзиусови, но не толку брзо како при повисоки температури. При температура од 45 степени пукнатините се поправаат за четири дена, а при 50 степени Целзиусови за само еден час.
За ѓто би можел да се користи овој нов метал? Бидејќи се регенерира веќе при телесна температура на луѓето, може да се користи за изработка на импланти, на пример, вештачки коски. Новиот материјал би бил добар и за роботи затоа што не би морале да се поправаат ако се скрши нешто на нив.
(Bug.hr)
(фото: Flickr)