Русија и Кина планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината

- Advertisement -

Русија и Кина размислуваат за можноста за постаување нуклеарен реактор на Месечината од 2033 до 2035 година, што еден ден би овозможило изградба на лунарна населба, изјави директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Јуриј Борисов.

Борисов додаде дека двете земји подогло време работат на развојот на лунарна програма и дека Русија со својата еспертиза помага за развојот на нуклеарна вселенска енергија.

- Advertisement -

„Сериозно размислуваме за проект за опремување и поставување на енергетски реактор на повшрината на Месечината заедно со кинеските колеги“ изјави тој.

Во Русија моментално има активни 11 нуклеарни електрани, додека во Кина се активни 55 нуклеарни електрани. Борисов појаснува дека соларните плочи не би можеле да произведат доволно енергија за идните лунарни населви, додека нуклеарната енергија би можела. Додава дека тоа е голем предизвик и дека би требало да се направи без човечки надзор.

- Advertisement -

Борисов потврди и дека Русија планира да изгради вселенски брод за превоз на товар кој би бил на нуклеарен погон. Сите технички прашања врзани за овој проект се решени, но немаме решение за ладење на нуклеарниот реактор.

Според Борисов, тоа би била киклопска структура која благодарение на нуклеарниот реактор и силните турбини би превезувала големи товари од една до друга страна на орбитата, би собирала вселенски тпад и би вршела многу други работи.

- Advertisement -

(24 Sata)

(фото: Rolls Royce)

Сподели!
- Advertisement -