ВИДЕО: Луксузна женска чанта направена од 99% воздух

- Advertisement -

Луксузниот бренд Coperni претстави производ кој посебно ќе им се допадне на љубителите на истражувањата на вселената. Нивната луксузна женска чанта наречена Air Swipe Bag е направена од 99% ништо, односно воздух и само 1% стакло.

Станува збор за силикатен аерогел наноматеријал кој НАСА го создаде за ловење на прашина од комети затоа што може да издржи екстремна температура од 1.200 степени Целзиусови и притисок 4.000 пати поголем од неговата тежина.

- Advertisement -

Чантата тежи само 28 грама, а само 0,2% од нејзината материја е опиплива, со оглед на тоа дека остатокот е воздух кој се движи нив милијарди канали на аерогелот. Ова, воедно, е и најлесниот цврст материјал на Земјата, а чантата Air Swipe Bag е најголемиот предмет кога било направен од наноматеријалот на оваа вселенска технологија.

Материјалот го создаде научникот Стив Џоунс од НАСА за мисијата Stardust, која во 1999 година донесе примероци од кометата Wild 2. Засега уште не е познато дали Coperni ќе ја пушти во продажба новата чанта, нито колку би чинела, иако сигурно е дека нема да биде евтина.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Instagram)

Сподели!
- Advertisement -