Истражувачи од кинескиот Јужен универзитет на наука и технологија SUSTech развија фотоакустичен саат за снимање на крвните садови во кожата со висока резолуција. Преносниот уред може да понуди нинвазивен начин на следење на хемодинамичките показатели како што се срцебиењето, крвниот притиск и заситеноста со кислород, кои можат да покажат како работи срцето.
Ова е пр иот фотоакустичен уред кој може да најде примена во здравството. Системот се состои од саат со интерфејс за прикажување слика, рачен компјутер и ранец во кој се наоѓа и ласе и напојување. Тестовите на доброволци кои се движеле слободно покажале дека уредот може да се користи за следење на варијациите на протокот на крв во текот на различни активности, како што е одењето.
Фотоакустичката слика е техника која формира слика со мерење на светлосно индуцираните звучни бранови, создадени за апсорпција на светлина во структурите. Со анализа на интензитетот и дистрибуцијата на фотоакустичниот сигнал се добива увид во функционалните и структурните карактеристики на микросадовите, кои може да бидат изменети поради различни болести. Иако фотоакустичното снимање се уште е примарно истражувачка алатка, почнува да наоѓа клиничка примена на полиња како онкологијата, васкуларното и дерматолошкото снимање.
Кинеските истражувачи создале систем кој може да снима додека пациентот го носи. Исто така, има прилаглодлив ласерски фокус, кој е неопходен за отсликување на повеќеслојните структури како што е кожата. Истражувачите сега работат на систем што користи уште помал ласерски извор со поголема стапка на повторување. Тоа ќе го направи системот уште покомпактен и полесен, а истовремено ќе ја зголеми безбедноста и временската резолуција.
Студијата за овој систем е објавена во списанието Optics Letters.
(Vidi.hr)
(фото: Pxfuel)