Моја Зграда – македонска апликација за полесна комуникација меѓу станарите во зградите

- Advertisement -

Најверојатно веќе повеќе пати сте биле сведоци на листи и соопштенија во ходници на згради. „Треба да се плати за чистење!“, „Нема платено струја за лифт!“, куп повици за куќен совет и слично се дел од стандардните орнаменти во влезовите.

Како што наведува сајтот IT.mk, апликацијата „Моја зграда“ ќе се обиде да понуди поинакво и покорисно решение. Апликацијата, како што наговестува и името, е наменета за станари во згради. Апликацијата oвозможува едноставна комуникација и споделување на податоци, иако ова нема да функционира ако станарите ја немаат апликацијата.

- Advertisement -

Корисниците можат да: најдат мајстор директно преку менито „Најди Мајстор“; да објават некакви анкети, известувања, жалби, пофалби, огласи. Сите станари во зградата кои го користат сервисот ќе добијат нотификации и ќе бидат веднаш информирани.

Апликацијата е достапна за iOS и Android.

- Advertisement -

Најголемиот проблем кој го има апликацијата е да ги убеди станарите да ја инсталираат. Можеби доволна мотивација е почист влез во зградата, но за жал ова не е гаранција.

Сподели!
- Advertisement -