Во април почнува извлекување на брод од 18 век со богатство од 17 милијарди долари

- Advertisement -

Откако колумбиската морнарица во 2015 година го откри местото каде што исчезнала шпанската галија Сан Хозе, нејзината локација остана државна тајна. Бродот и богатството на него останаа длабоко во водите на Карибите.

Напорите да се извлече бродот и богатството вклучуваа низа меѓународни правни спорови со Колумбија, Шпанија, боливиските домородни групи и американската спасувачка компанија која има право на бродот, па се смета дека златото, среброто и смарагдите на бродот вредат дури 17 милијарди долари.

- Advertisement -

Кога Колумбија се обиде на аукција да продаде дел од наградата за финансирање на колосалните трошоци за враќање на бродот, интервенираа УНЕСКО и високите судови од земјата. Но, осум години после откривањето, сега велат дека ја туркаат политиката настрана и може да почнат со подигнување на артефактите од бродоломот уште во април годинава.

Галијата Сан Хозе се враќала во Европа со богатство за да помогне во финансирањето на војната за шпанското наследство кога бил потопен од британска ескадрила во 1708 година, во близина на карипскиот крајбрежен град Картагена.

- Advertisement -

Историчарите велат дека остатоците од бродот може да помогнат во откривањето на многу работи за шпанското царство на врвот на неговата моќ и заедничките истории на Европа и Латинска Америка.

Првичната цел на колумбискиот тим е да ги земе остатоците од бродот и да ги стави на изложба во посебно изградне музеј, каде што посетителите може да ги истражуваат сите тајни на океанот. Но, како што напредувала експедицијата, дошле до фокус сложеноста и размерот на овој предизвик. Малку бродови како Сан Хозе се извлечени од вода, а ниту еден не е спасен од топлите тропски води.

- Advertisement -

Меѓу товарот на Сан Хое има предмети од стакло, порцелан и кожа, а историчарите се надеваат дека овој брод може да им помогне во рзбирањето на глобалните трговски мрежи во 18 век, сложената колонијална хиерархика и животот на 600 луѓе на бродот.

Сан Хозе е потонат во длабоки, топски води кои веројатно биле сурови кон остатоците од бродот и може да го направат извлекувањето на бродот едно од најскапите и најсложените во историјата. Содржината на бродот е разновидна и научниците не знаат како ќе реагираат остатоците кога ќе дојдат во допир со кислород, ниту дали е возможно нешто да се извлече од водата.

Локацијата на бродот уште е државна тајна за да се заштити местото од крадци, но колумбиските власти откриваат дека е на 600 метри под нивото на морето, што е предалеку за нуркачи. Затоа клумбиската војска моментално развива роботи кои прво ќе фотографираат, ќе снимаат и ќе го мапираат бродот пред да се направи некакво извлекување.

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -