ОН го вклучија црвениот аларм за климатските промени

- Advertisement -

Минатата година биле соборени ситем глобални климатски рекорди, предупреди вчера Светската метеоролошка организација (WMO) и изрази посебна загриженост поради загревањето на океаните и топењето на морскиот лед.

WMO во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима истакна дека просечните температури достигнале највисоко ниво во последните 174 години мерење, односно 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

- Advertisement -

Температурите на океаните биле највисоки во последните 65 години мерење и над 90% од морињата имале топлотен бран. Главната секретарка на WMO, Селест Сауло, го вклучи црвениот аларм.

„Она што го доживеавме во 2023 година, особено незааметената топлина на океаните, повлекувањето на глечерите и губењето на морскиот лед на Антарктикот се причина за посебна загриженост. Климатските промени, поттикнати од согорувањето фосилни горива, како и климатскиот феномен Ел Нињо, ги соборија рекордите во 2023 година, вели Сауло.

- Advertisement -

Научниците веруваат дека 2024 година б можела да биде полоша и Ел Нињо да продолжи да ги покачува температурите. Извештајот предупредува и на големо намалување на морскиот лед на Атлантикот. Највисокот измерено ниво е милион квадратни километр помалку од претходниот рекорд, што одговара отприлика на површината на Египет.

Тој тренд, во комбинација со затоплувањето на океаните, поради што се шири водата, придонесе за повеќе од дупла стапка на подигнување на морското ниво в изминатата деценија во однос на периодот од 1993 до 2002 година, покажуват податоците на WMO.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -