Ова се најдобрите дестинации за инвеститорите

- Advertisement -

Избрани се најдобрите дестинации за инвеститори, а четири од петте најомилени дестинации се наоѓаат во Европа, покажа извештајот на институтот Милкен. Данска е на врвот на годинашната ранг листа, а првото место го зазеде по перцепцијата на бизнисот, мерките за лесно работење во земјата, како и други регулаторни показатели. На трето место е по економските основи, кои опфаќаат макоекономски ефекти, таленти на работна сила и напори да се создаде отпорна и одржлива економија и општество, се вели во извештајот.

Индексот е составен од 100 индикатори поделени во пет категории: перцепција на бизнис, економски основи, финансиски услуги, институционална рамка и меѓународни стандарди и политика.

- Advertisement -

На второ место на глобалниот индекс е Шведска, на трето место е Данска, САД се на четврто место, а Обединетото Кралство на петто место. Првата десетка ја заокружуваат Холандија, Германија, Швајцарија, Норвешка и Ирска. Целосниот извештај може да го погледнете на овој линк.

Финска, која е на трето место во вкупниот поредок, е најдобро рангирана во категоријата меѓународни стандарди и политики кои ја проценуваат економската отвореност и степенот во кој политиките на некои земји се усогласени со глобалните регулаторни стандарди и стандардите за заштита на интелектуалната сопственост.

- Advertisement -

Меѓу азиските економии за истражување и развој, Малезија се појави како фаворит на инвеститорите и се најде на 27 место на целосната ранг листа. Таа има најдобри инвестициски услови меѓу сите економии за истражување и развој и добро се котира во институционалните рамки, делумно поради фактот дека земјата има силни права за инвеститорите. Малезија, исто така, е шестиот најголем извозник на чишс во светот и пакува 23% од сите американси чипсови.

Се поголемите тензии меѓу САД и Кина се оздразија врз приливот во азиските економии за истражување и развој, што е пад од 75,4% во 2022 година во однос на 2022 година, се вели во извештајот. Затоа Кина, втората по големина економија во светот, се најде на 39. место.

- Advertisement -

Целосната листа со десетте најдобро котирани азиски економии за инвестирање е следната:

Малезија
Тајланд
Кина
Индонезија
Виетнам
Индија
Монголија
Шри Ланка
Филипини
Камбоџа

(Bizlife)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -