Пластиката ја загадува и ја труе околината, а со тоа ги труе и луѓето, поради што многумина од нас се обидуваат да ја намалат зависноста од пластика. Добрата вест е во тоа што и мали промени во секојдневниот живот може да направат голема разлика. Една од тие промени е одрекнувањето или постот од пластика.
Пластичниот пост има ист концепт како и целосното или делумно воздржување од храна и пијалаци, но наместо орекување од слатки или алкохол, се избегнува пластиката. Тоа е свесно избегнување на користењето пластични производи, посебно такви кои после кратко користење завршуваат во отпад.
Избегнувањето на непотребната пластика и пластиката за еднократна употреба може да придонесе за зачувување на ресурсите и да се заштити здравјето.
Пластиката ја внесуваме во телото преку хранат и водата во форма на микро или нанопластика и тоа не во мали количини. Една студија на Универзитетот Њукасл покажала дека луѓето во организмот внесуваат до 5 грама пластика неделно. Тоа е исто како да изедете една кредитна картичка неделно.
Општо правило е да се избегнуваат непотребните индивидуални пакувања затоа што тоа ќе ви помогне постапно да заштедите големи количини отпад при секое купување. Како алтернатива за користењето пластични кеси стекнете навика кога одите на пазарување со себе да понесете пластнена мрежа за овошје и зеленчук, торба или кошница.Така дополнително ќе заштедите и пари.
Флашираната вода лесно може да се замени со вода од чешма, но ако не ви се допаѓа вкусот, најдобро е да купувате стаклени шишиња за повеќекратна употреба. Внимателно читајте ги декларациите на козметичките и хигиенските производи затоа што тие често содржат пластика. Во произвдите како паста за заби, гле за туширање или производите за чистење цврстата микропластика сега е забранета секаде во ЕУ, но тоа не е случај со полуцврстата, течната или гел пластиката која се користи во геловите за коса.
Микропластиката може да се најде и во шампоните за коса и пилинзите за тело. Производителите користат пластика и како азбразивно средство за изблеување на забите, а детергентите и средствата за чистење може да содржат течна или полутврда пластика.
Се проценува дека само 9% од глобалната пластика се рециклира, но дури и во земјите во кои отпадот се селектира најголем дел од пластиката завршува на депонија или во фабрики за согорување.
Пластичниот пост не значи веднаш да ја исфрлите сета пластика од животот. Тука станува збор за намалување на пластиката, а не за целосна замена по секоја цена.
(Zimo)
(фото: Flickr)