Германците ја легализираат марихуаната

- Advertisement -

Планот на Владата на Германија да ги легализира правилата за канабисот ја надмина и последната препрека во Парламентот и со тоа се отвори патот за легализирање на поседувањето ограничени количини марихуана на 1 април.

Потоа од 1 јули клубовите за канабис ќе можат да одгледуваат марихуана за лична употреба на членовите.

- Advertisement -

Законот за тоа минатиот месец го одобри Долниот дом на Парламентот, но неговата судбина е нејасно во Горниот дом, кој го претставуваат германските државни влади.

Горниот дом може да го одложи така што ќе го испрати до одбор кој посредува во спорови меѓу двата дома на Парламентот, што на опозицијата од десниот центар би и овозможил целосно да го стопира. Но, противниците на планот не успеаја да соберат мнозинство за тоа.

- Advertisement -

Законот предвидува легално возрасните да имаат до 25 грама марихуана во рекреативни цели и сами да одгледуваат до три билки. Тој дел од законот ќе стапи на сила на 1 април.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -