Во периодот на пролетните алергии, непријатното чувство предизвикано од оток на мукозната мембрана на носот, односно затнатиот нос влијае на општото расположение и го нарушува фокусот на работните активности, додека децата ги прави раздразливи и плачливи. Во тие денови Галеника покрај антихистаминската терапија како desloratadine таблети за возрасни и desloratadine сируп за деца, препорачува и назален деконгестивен спреј кој содржи ксилометазолин наменет за возрасни и деца.
Спрејот Rinoff на Галеника кој содржи ксилометазолин е дизајниран да го олесни дишењето и помогне со симптомите на затнат нос, хроничен и алергиски ринитис, како и синузитис. Спрејот може да го користат возрасни, но и деца затоа што брзо се апсорбира во носната слузница и овозможува ефикасно и брзо олеснување.
Производителот, фармацевтската компанија Галеника на македонскиот пазар е присутна речиси осум децении во кои со потрошувачите изгради релација со висока доверба благодарение на висококвалитетните производи што ги нуди. Галеника нуди две варијанти на спрејот, едната наменета за деца на возраст од 2 до 6 години, и другата наменета за возрасни и за деца над 6 години.
Полошо од затнат нос е истовремено носот да е растечен. Овие симптоми вообичаено се последица на настинка или алергија. Но, независно од причината препорачливо е веднаш да се почне со третман. Кога носот е затворен и не се третира, може да биде причина за други заболување на синусите, а може да придонесе и за белодробни инфекции. Односно, носот е првата филтрација на воздухот пред да навлезе во телото и ги задржува нечистотиите и микроорганизмите.
Притисокот во предниот дел од главата, заболениот го доживува како тежина која ја снемува при користење на деконгестиви, каков што е и спрејот на Галеника.
Ксилометазолинот ги стеснува крвните садови и со тоа го намалува отокот на мукозната мембрана во носот. Осмислен е да биде прв избор во деновите кога симптомите се најизразени односно неговата употреба треба да не е подолга од 7 последователни денови а доколку симптомите продолжат консултација со лекар или фармацевт е неопходна. Го олеснува празнењето на секретот од носот при воспаление на параназалните синуси и воспаление на средното уво поврзано со настинка. Овој спреј може да се користи и во случаи на поленска треска која предизвикува иритации и воспаленија во носот и очите.
Бидејќи во аптеките се достапни повеќе варијанти од различни спрејови, во зависност од намената за деца или за возрасни и нивниот состав, препорачливо е да се консултирате и со фармацевтот за начинот, дозите или колку долго да го користите производот. Но, ако чувството на затнат нос продолжи, препорачливо е заболениот да се консултира и со доктор.
Бидете подготвени за пролетта и секоја друга сезона на настинки со Rinoff Спреј.