Луѓето на животните им пренесуваат повеќе вируси отколку обратно

- Advertisement -

Размената на патогени меѓу луѓето и животните не е еднонасоча улица, открива најнова студија. Анализирајќи милиони вирусни геноми, научниците откриле дека луѓето се извор на дупло повеќе вируси за животните отколку обратно.

Од речиси 12 милиони проучувани геноми и вирусти, откриени се речиси 3.000 случаи на вирусно пренесување меѓу врстите. Изненадува тоа што во 79% од тие случаи вируси се движеле од еден животински вид на друг, а во 21% од случаите се пренесувале меѓу животни и луѓе. Притоа, во 64% од тие случаи вирусите се пренесувале од човек на животно, а во 36% се пренеле од животни на луѓе.

- Advertisement -

Различни животни, вклучувајќи ги и домашните милениви, птиците, приматите и дивите суштества, се погодени од анстропоноза. Особени дивите животни биле значително осетливи на преносот на вируси од луѓето.

СедрикТан, главен автор на студијата и докторанд по компјутерска биологија на Институтот за генетика при Универзитскиот колеџ Лондон, го нагласува значајното влијание на луѓето врз околината и нејзините жители. Студијата е објавена во списанието Nature Ecology & Evolution.

- Advertisement -

Вирусите можат да скокаат меѓу различни видови на ист начин како што се пренеусваат меѓу луѓето, вклучувајќи и директен контакт со заразени течности или каснување, појаснува Тан.

Франсоа Балу коавтор на студијата и директор на Институтот за генетика, ја нагласува историската и постојаната закана од зоонозите, кои предизвикувале пандемии низ историјата. Голем дел од патогените кои виркулираат во луѓето се добиени од животни во даден момент.

- Advertisement -

Иако некои вируси кои се пренесуваатмеѓу различни видови се безнаќајни, некои може да предизвикаат епидемија или дури и пандемија.

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -