Сите Јапонци наскоро може да имаат исто презиме

- Advertisement -

Цела Јапонија еден ден ќе има исто презиме ако не се сменат рестриктивните закони за бракот. Тој тренд може да го поништи се помалата склоност на Јапонците да склучуваат бракови, а забележителниот пад на бројот на жители би можел да го направи целосно безначаен.

За разлика од најголем дел од големите светски економии, кои главно раскрстиле со традицијата, Јапонија и понатаму законски бара од брачните партнери да имаат исто презиме. Вообичаено, жените го земаат презимето од својот маж, а истополовите бракови уште не се легални во оваа далекуисточна земја.

- Advertisement -

Поради притисокот кој го вршат заговорниците за женските права и тие што се залагаат за зачувување на разлоникостана јапонските презимиња, надлежните се подготуваат да ги сменат правилата кои се однесуваат за земањето презиме.

Ако останат на сила важечките правила, сите Јапонци би можеле да се презиваат Сато до 2531 година, вели Хироши Јошида од Универзитетот Тохоко во Сендаи, кој е водечки автор на студијата.

- Advertisement -

Како што покажуваат податоците на компанијата која следи над 300.000 презимиња во Јапонија, Miodјi Yurai, Сато моментално е најзастапено презиме, а потоа следува презимето Сузуки. Таканаши е на трето место.

Од 125 милиони жители на Јапонија, презимето Сато го носат околу 1,8 милиони луѓе.

- Advertisement -

Јошида го спровел истражувањето на барање на организацијата Think Name Project, односно групација која бара законски измени за на паровите да им овозможи да ги задржат своите презимиња.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -