Научно истражување кое го спроведоа експерти од германскиот Универзитет Есен докажадека допирот можеда ја намали болката, депресијата иа анскиозноста и дека почестото допирање може ги ублажи менталните и физичките тегоби.
Било да станува збор за пријателска прегратка или допирање на омилената ткаенина, самото чувство на допир е корисно и за телото и за умот, пренесува порталот Science Daily.
Чувството на допир е првото што се развива кај новороденчињата и е клучен за откривање на околината и за развој на комуникација. Но, додека бројни досегашни студии укажуваа на тоа дека допирот може да биде корисен за здравјето на поединци, сега експертите од Универзитетот Есен докажаа дека допирот им помага на сите.
Затоа немањето физички контакт за време на пандемијата на КОВИД-19 тешко погоди многу луѓе ширум светот.
Д-р Хелена Хартман, која е коавтор на германската студија, вели дека повеќе усогласени допири во текот на денот може да придонесат за ублажување на менатлните и физичките тегоби.
Студијата, чии резултати се објавени во списанието Nature Human Behaviour, опфатила дури 212 претходно објавени студии за чувството на допир. Студијата претставува збир на статистички анализи од претходно 85 студии во кои учествувале возрасни луѓе и 52 истражувања со новороденчиња.
Тимот научници заклучил дека допирот е еднакво битен за менталното и физичкото здравје и кај возрасните и кај новороденчињата. Нашиот труд покажува дека допирот е најсоодветен која станува збор за болка, депресија и анксиозност кај взрасните и кај децата, како и за зголемување на телесната тежина кај бебињата, велат научниците.
Позитивното влијание врз менталното здравје било поголемо која станува збор за човечки допир отколку кога испитаниците допирале омилена блуза или поресбни роботи создадени за подобрување на благосостобата на луѓето. Експертите велат дека веројатно станува збор за бенефити од контактот кожа на кожа.
Студијата покажал и дека допирот е корисен и за здравите и за болните луѓе, но влијанието било поголемо кај тие на кои им било полошо, особено тие со проблеми со менталното здравје.
(Zimo)
(фото: Flickr)