Електрична ракавица ќе им помага на нуркачите да се спасат од ајкули

- Advertisement -

Научници развија нова технологија која може по безжичен пат да пренесе гестикулации под вода, а кои компјутерот може да ги преведе во пораки. Тоа ќе им помогне на нуркачите да комуницираат, како и да им пренесат на луѓето на површина дека се добро, дека планираат за изнуркаат или дека ги напаѓаат ајкули.

Станува збор за водоотпорна електрична ракавица, која е дизајнирана да им овозможи полесна комуникација под вода. Опремена е со електронски сензори кои ги претвораат движењата на рацете во информации. Некои електрични ракавици овозоможуваат интеракција со елементи од виртуелна реалност, дурги им помагаат на луѓето кои доживеале мозочен удар да си ги вратат моторичките вештини, но оваа ракавица е дизајнирана да ги спаси нуркачите од ајкули.

- Advertisement -

Голем предизвик е да се постават водоотпорни сензори во гаџети и да се користат во базен или во океан, а сепак да ја задржат флексибилноста за корисникот да може да се движи и непречено да функционира.

Научниците започнаа со производство на водооотпорни сензори кои се базираат на флексибилни микроскопски столбови, инспририани од цевчестите стапала на морските ѕвезди. Користејќи ласери, тие сензори се прават на тенок слок од водооотпорна пластика, која се користи и за контактните леќи.

- Advertisement -

За прицврстување на водоотпорните сензори на ракавиците научниците користеле самолепливи завои и ги зашиле преку зглобовите на протоипот и преку зглобовите на прстите.Сензорите реагираат кога ќе се свиткаат и може да детектираат распон на притисок од лесен допир со хартија до удар на вода од црево.

За да се направи вокабулар загестовите со рака кои компјутер може да ги разбере волонтер направил 16 гестикулации, вклучувајќи ги основните како што се “OK” и “Exit”. Потоа била применета техника на машинско учење за преведување на тие знаци во зборови, за да се креира компјутерска програма која може да ги преведе гестикулациите од ракавицата во пораки.

- Advertisement -

Кога била тестирана, ракавицата може да пренесува пораки под вода со прецизност од 99,8%.

(Klix.ba)

(фото: Good Fon)

Сподели!
- Advertisement -