Поради долгото чекање на граничните премини на Западен Балкан се губат 130 милиони евра годишно

- Advertisement -

Ако просечното време на граница се скрати за три часа, БДП на Западен Балкан би можел да порасне за 3%, и тоа на среден рок.

Од друга страна, моментално на границите на Западен Балкан и ЕУ вкупно се чека 26 милиони часа, а грубата проценка на транспортните компании е 5 евра по час. Тоа значи годишна загуба од 130 милиони евра годишно.

- Advertisement -

Според последните расположливи податоци, при преминот на границите товарните возила чекаат во просек десет часа, а најдолгото забележано чекање е 36 часа, поради што се формираат километарски колони од возила, кои ја блокираат и лентата од автопатиштата.

Поради сето тоа, Управниот одбор на Форумот на стопански комори на Јадранско- јонските земји усвои иницијатива за итни мерки за забрзување и унапредување на протокот на стока на граничните премини меѓу ЕУ и Западен Балкан во Јадранско-јонскиот регион.

- Advertisement -

Иницијативата е покрената од Стопанската комора на Србија и Хрватската стопанска комора, а со цел зајакнување на безбедноста, создавање стабилни транспортни и интермодални врски и воспоставување интерна пиврзанаот која добро функционира преку подобра железничка и патничка сообраќајна врска. Тоа е клучно за економски и општествен развој на регионот.

Губењето време на граница создава големи финансиски трошоци за компаниите, а поради забавените и отежнати текови на снабдување и директните трошоци за транспортниот сектор, значително се намалува конкурентноста на производите.

- Advertisement -

(021)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -