Венеција не е единствениот ителијански град кој воведува наплата за влез на туристи. Уште една туристичка атракција, овој пат на езеро, сака да воведе дневен надоемст за посетителите.
Езерото Комо е блескаво, гламурозно и преплавено со туристи. Во прашање е третото најголемо езеро во Италија, на чиј брег доаѓаат дури 1,4 милиони посетители годишно. Бројот на туристи се покажал огромен за хотспотот во Северна Италија, а еден град сега размислува за воведување туристичка такса.
Градоначалникот на градот Комо, Алесандро Рапинезе, вели дека размислува за дневна наплата во стилот на Венеција, со сугестии дека таа наскоро ќе стапи на сила. Рапинезе го критикува масовниот туризам на езерото Комо и вели дека е тешко да се биде градоначалник кога се бори против туризмот.
Наплатата би се однесувала на дневните посетители на градот Комо, а градоначалникот не откри закого ќе важи и точно кога ќе стапи на сила. Ако се користи моделот на Венеција, наплатата ќе се однесува само на посетителите кои доаѓаат во градот само во дневна посета, без да преноќуваат и ќе може да се наплатува дамо за викенди и празници.
Езерото Комо веќе неколку години се бори со растечки број на туристи. Бројот на туристи нагло пораснал откако неколку познати личности, меѓу кои Џорџ Клуни, купија недвижности во вредност од повеќе милиони евра долж брегот на езерото, а таму се снимени и повеќе филмови, вклучувајќи ги „Казино Ројал“ и „Куќата Гучи“.
Минатото лето една вила на езерото која се појавила во филмовите за Џејмс Бонд и „Војна на ѕвездите“ била принудена да го ограничи бројот на посетители. Вилата Дел Балбијанело го намалила дневниот број на туристи на 1.200 за да ја заштити историската локација.
(Bizlife)
(фото: Needpix)