Самсунг ги претстави новите Galaxy J6+ и Galaxy J4+ паметни телефони  

- Advertisement -

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги најави најновите членови на Галакси Ј (Galaxy J) серијата – Самсунг Галакси Ј6+ (Samsung Galaxy J6+) и Самсунг Галакси Ј4+ (Galaxy J4+). Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот Галакси Ј4+ модел од почетокот на октомври во една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.

Понесени од наследството и иновациите на премиум Галакси уредите, ги креиравме новите Галакси Ј6+ и Ј4+ кои овозможуваат неверојатен стил и технологија со високо-конкурентни цени. Одликувајќи се со неверојатен дизајн и екран, подобрена камера и можности за високи перформанси, двата уреда им овозможуваат на корисниците максимално користење на нивните Галакси Ј паметни телефони.“ – изјави Милан Вујовиќ, маркетинг директор за Адриатик Регионот во компанијата Самсунг Електроникс.

- Advertisement -

 

Дизајн и екран кои оставаат без зборови 

- Advertisement -

Галакси Ј6+ и Ј4+ се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на Галакси Ј серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, Галакси Ј6+ и Ј4+ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив. Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ “бесконечен“ екран од 6.0 инчи, карактеристичен за премиум Галакси паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата “Поделен Екран“.

Галакси Ј6+ и Ј4+ исто така имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека Галакси Ј6+ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.

- Advertisement -

 

Подобрена камера за уште подобро корисничко искуство

Двата нови Галакси Ј модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата. Со двојна камера од 13MP и 5MP, Галакси Ј6+ овозможува креирање на фотографии со природен “бокех“ ефект, а со функцијата “Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.

Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги Галакси Ј6+ и Ј4+ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.

Врвен перформанс 

Покрај својот премиум дизајн, Галакси Ј6+ и Галакси Ј4+ нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.

Двата уреди имаат интегрирана “Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните Галакси Ј модели, Галакси J6+ и J4+ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците. Уредите исто така имаат и режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошење на батеријата.

Галакси J6+ има 3GB RAM меморија и е достапен со меморија – од 32GB, додека Галакси J4+ има 2GB RAM и е достапен со меморија од 16GB. Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512GB со микроСД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.

Галакси Ј4+ во Македонија ќе биде достапен во сите три бои во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун и Сетек, додека во продажните салони на ВИП, сите заинтересирани ќе можат да одберат Галакси Ј4+ модел во црна или златна боја.

Сподели!
- Advertisement -