„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ – почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

- Advertisement -

Поттикнати од постојаните предизвици при адаптирање на новите интернеттрендови со кои се соочуваат едукаторите, СмартАП – Лабораторија за социјални иновации го креираше првиот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“.

Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење
и надоградување. Подготвен од одбрана група експерти во областа, новиот
„Тренинг за сајбер безбедност на едукатори“ е кериран со цел да се создадат
системски решенија и механизми за справување со интернет заканите.

Тренингот првенствено е наменет за еудкаторите и стручните соработници, но
преку дополнителните ресурси понудени во рамки на модулите на овој курс,
знењата и вештините индиректно се пренесуваат и до учениците, а преку нив и
до родителите. Опфаќањето на важниот и често посочуваниот комуникациски
триаголник: наставник-ученик-родител го прави курсот релевантен и сестран.
Со цел директно запознавање на едукаторите со содржината на курсот, овој
четврток, на 25 април, со почеток во 18:00ч., тимот на СмартАП – Лабораторија
за социјални иновации, ќе го одржи првиот ЕДУЛАБ-вебинар Промоција на
„Тренинг за сајбер безбедност за едуатори“.

Основите на интернет безбедноста, нејзините принципи и видови измами, начини
за справување со нив, како и создавањето, управувањето и одржувањето
безбеден интернет идентитет и безбедното споделување информации и
фотографии на интернет, се соржините што ќе бидат опфатени на овој
ЕдуЛаб-вебинар.

Учеството на вебинарот е бесплатно, со задолжителна регистрација преку
следниот линк.

Драги едукатори, направете го првиот чекор кон зајакнување на вашите знаења и
вештини. Бидете дел од претстојниот вебинар и детално запознајте се со
содржината на курсот кој ќе ви помогне полесно да ги надминете предизвиците на
приспособување кон постојаните промени и интернет трендови.

датум: 25.04.2024

- Advertisement -

време: 18:00 – 19:00 ч.

линк за регистрација преку ZOOM: https://tinyurl.com/srh35763

Сподели!
- Advertisement -