Топ седум стратегии за ефикасна комуникација

- Advertisement -

Успехот на кој било бизнис или организација зависи главно од тоа колку вработените ефикасно комуницираат. Способноста за одржување добри говори е минимумот што го бараат некои компании при вработувањето. Без оглед на работата, професионалците бараат голема употреба на усната комуникација при вршењето на должноста.

Како што пренесува Bizlife, еве што вклучува ефикасната комуникација.

- Advertisement -

Слушање: Добрите вештини на слушање и покажување вистински интерес се атрибути на успешниот комуникатор. Продавачите кои активно ги слушаат купувачите при расправите и приговорите се поспособни да ги решат проблемите и да ја стекнат лојалноста на купувачите.

Употреба на имиња: Кога ги запознавате луѓето, потрудете се да ги чуете имињата и да ги употребите уште веднаш. Ако не сте сигурни за името, замолете ги да повторат.

- Advertisement -

Бидете прецизни: Покажете дека го почитувате туѓото време така што ќе бидете концизни при давањето битни информации.

Нека зборуваат другите: Немојте да бидете личност која постојано зборува. Она што го зборувате може да биде од интерес само за вас. Имајте ги на ум другите луѓе и дадете им шанса да бидат дел од разговорот. Барајте ги сигналите за да бидете сигурни дека не сте им досадни на соговорниците и поставете прашања за да ги вклучите.

- Advertisement -

Невербален јазик: Половина од комуникацијата се заснова на невербална комуникација, што опфаќа движење на очите, тонот на гласот, држење на телото, израз на лицето и гстови со рацете. Кога разговарате со некој што ве гледа во очи имате чувство на доверба. Бидете свесни за невербалната комуникација и држете се во склад со пораката.

Вокални знаци: Немојте да користите премногу зборови кои често се повторуваат како „хм“, „аха“, „ммм“ и наместо тоа направете кратка пауза во говорот. Водете сметка паузите да не бидат предолги затоа што слушателот ќе го изгуби интересот за тоа што го зборувате.

Создадете атмосфера на отвореност: Воспоставете добар однос со купувачите и создадете пријатна атмосфера. Посветете му го вниманието на купувачот за да не создавате физички бариери меѓу вас. Избегнувајте комуникација кога сте премногу зафатени затоа што мора да го држите фокусот на тој што ве слуша.

Сподели!
- Advertisement -