Финансиската инјекција ќе им овозможи на “Стар пабови“ да отворат 62 нови пабови и да реновираат 612 постоечки, што претставува повеќе од една четвртина од вкупниот број на пабови од овој бренд во Британија.
Холандскиот производител на пиво Хајнекен планира да инвестира 39 милиони фунти (45,6 милиони евра) во повеќе од 600 пабови во Британија, сметајќи на зачувување на традицијата и привлекување нови гости во популарните „маалски“ барови.
Инвестицијата на Heineken во паб-бизнисот во Велика Британија на тој начин ќе надмине 200 милиони фунти во периодот од 2019 година.
Целта на реновирањето е „запуштените пабови во предградијата да се претворат во барови од високата класа“, посочуваат во Стар пабови, потсетувајќи дека се помалку луѓе работат во центрите на градовите.
Работите ќе вклучуваат „суптилно зонирање“ за да се привлечат различни клиенти и да се прилагоди просторот на активности кои се движат од гледање спорт до јадење.
„Луѓето бараат максимална вредност од посета на „маалски“ паб. Сакаат одлична атмосфера, храна и пијалоци и активности кои ќе ги поттикнат да излегуваат, како што се гледање спортски настани и забава“, изјави директорот на Star Pubs, Лосон Маунтсевенс.
„Создавањето фантастични пабови кои можат да се прилагодат на различни активности ги задоволува тие потреби и им помага на пабовите да ја играат својата улога како витални места за собирање на заедницата“, додаде Маунтсевенс.
„Се покажаа дека пабовите успеваат да привлечат гости и по бројните прекини во изминатите години. Наскоро би можеле да го намалиме бројот на затворени пабови на најниско ниво од 2019 година“, пред пандемијата, посочува првиот човек на Стар пабови.
Извор – Пословни дневник
Извор – Flickr