Едно неодамнешно интересно научно истражување го доведува во прашање досегашното верување дека екстремното вежбање може да биде штетно за здравјето. Иако претераната телесна активност се поврзува со срцеви заболувања, новите откритија сугерираат дека трчаењето 1,6 км за помалку од четири минути може да доведе до подолг животен век.
При интензивното или долготрајно вежбање за издржливост, како што е трчањето или возењето велосипед, одредени протеини укажуваат на потенцијална повреда на срцето, велат од канадскиот Универзитет Алберта.
За дополнително да истражат научникот Фоулкес и неговиот тим го испитувале животниот век на 200 спортисти кои постигнале помалку од 4 минути во трчањето 1,6 км. Еден од нив е спортистот Роџер Банистер, првата личност во светот која е забележано дека пред 70 години го истрчала тоа растојание за помалку од 4 минути. Сите спортисти биле мажи родени од 1928 до 1955 година. Од нив 60 починале до декември 2023 година, со просечен животен век од 73 години. Останатите живи атлетичари имаат просечна возраст од 77 години.
Научниците откриле дека тие спортисти ја надживеале општата популација за 4,7 години. Интересно е тоа што тие кои времето на трчање 1,6 км за помалку од 4 минути го постигнале во 1950-тите години живееле над девет години подолго, додека тие кои го постигнле истото во 1960-тите и 1970-тите години живееле 5,5, односно 3 години подолго.
(New Scientist)
(фото: Flickr)