После пожарите во Австралија, коалите се и функционално изумрена раса

- Advertisement -


Рекордните суши и пожарите кои во последно време ја погодија Австралија доведоа до тоа коалите функционално да изумрат. Од Австралиската фондација за коали проценуваат дека во пожарите во умреле повеќе од 1.000 коали, а дека веќе не постојат 80% од нивните живеалишта.

Експертите објаснуваат дека функционално изумирање значи дека бројот на припадници на некоја врста е толку мал што веќе не претставуваат никаква улога во системот. Иако одреден број коали и понатаму ќе раѓаат, долгорочната одржливост на расата е малку веројатна, а преживеаните единки ќе бидат подложни на разни болести.

- Advertisement -

Сечењето на шумите и пожарите ги уништија стеблата еукалиптус, кои се главен извор на хранливи материи за коалите. Возрасните коали јадат по 1 кг лисја од еукалиптус дневно. Иако стеблата на овие дрвја ќе пораснат повторно после пожарите, ќе бидат потребни месеци додека да се обноват изворите на храна за животното кое е симбол на Австралија. Дотогаш многу од коалите ќе умрат од глад.

До Австралија стигнуваат многу апели да се активира Актот за заштита на коалите, кој е напишан во 2016 гоидна, но никогаш не стана закон, а е направен по примерот на американскиот Закон за заштита на орлите. Актот за заштита на коалите ќе овозможи заштита на живеалиштата и изворите на храна за коалите, но би ги заштитил и од лов.

- Advertisement -

На интернет станаа вирални видеата на кои Австралијци спасуваат коали од пожарите, што поттикна многумина да донираат средства за лечење на животните кои се здобија со изгореници. Досега се собрани 1,3 милиони долари, што е мнгоу повеќе од побараните 25.000 долари. Оваа сума ја донираа поединци, организации и компании.

Дел од активностите за помош на коалите вклучуваат и инсталирање на поила во опожарените делови. Донираните средства ќе бидат употребени за сместување на повредените коали, каде што тие ќе живеат додека не закрепнат од изгорениците и другите повреди добиени во пожарите.

Сподели!
- Advertisement -