Во поново време ниедна друга болест не предизвикала паника како што беше пандемијата на корона вирусот. Имаше премногу контроверзии околу болеста – од тоа дека вакцините се добри, па штетни, нуспојавите од вакцините се непознати, дека маските штитат, на всушност не штитат итн. Сега се прашувате како да се заштитиме од постојните и новите болести ако има толку несигурност во медицината?
Ако го ставиме настрана тој страв и недоумицата, она што нам ни треба се лекови против вирусните болести. Но, како да дојдеме до нив кога секој вирус има свој животен циклус, а истовремено и мутираат, па се прилагодуваат на лековите?
Одговорот на тоа го даде една емѓународна група од британски, кинески и италијанси научници, кои во списанието Matter ја објавија својата студија „„Supramolecular filaments for concurrent ACE2 docking and enzymatic activity silencing enable coronarvius capture and infection prevention“. Кога тој комплициран наслов ќе го преведем во нешто што го рзбиура обичниот човек, тоа значи дека направиле вештачки влакна кои е врзуваат за вирусите во белите дробови.
Станува збор за микровлакна кои се долги неколку микрометри,а дебели 11 нанометри, кои настанале со комбинирање на два полимери п пунила и лиганда, кои содржат олигоппетидна секвенција. Токму тој сегмент овозможува групирање на молекулите, затоа што меѓу нив се создаваат водородни врски, градејќи бета-набрана плоча, структура карактеристична за структурните протеини, па и за кератинот, протеин од кој се составени влакната.
Кога тие два полимери ќе се комбинираат во супрамолекулска структура, од низите висат краевите на молекулите на лиганда, на кои се врзува протеинот ACE2, па настанува структура која се означува со fACE2. Најбитен дел од fACE2 е токму протеинот ACE2 (ангиотенсин-конвертирачки ензим 2), ензим кој содржи цинк. ACE2 се наоѓа на мембраната на клетките и за него ср врзуваат вирусните честички на корона вирусот. Затоа неговото дејство е многу едноставно : тој за себе ги врзува вирусните честички наместо клетките и така спречува зараза.
ТЕстирањата покажале дека fACE2 ја инхибира инфекцијата со корона вирусот со успешност од дури 80%, но неговото дејство целосно исчезнува после осум часа. Она пшто е најбитно кај овие истражувања е дека новата терапија не е ограничена на корона вирусот, туку може да се примени за спречување на секакви вирусни, па и бактериски зарази кои се шират преку капки – од грипот до туберколозата.
(Bug.hr)
(фото: Plot Shnete)