10.000 луѓе умираат секој ден во Европа од кардиоваскуларни болести

- Advertisement -

Кардиоваскуларните болести се причина за четири смртни случаи од 10 во Европа, што значи дека од тие болести секој ден на европскиот континент умираат 10.000 луѓе, а на годишно ниво умираат 4 милиони луѓе, извести денес Светската здравствена организација. СЗО им советува на Европејците помалку да консумираат сол.

Со имплементација на политика за намалувње на внесот на сол за 25% до 2030 година би можеле да се спасат околу 900.000 животи изгубени од кардиоваскуларни болести, вели Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

- Advertisement -

На Стариот континент една возрасна личност од три на возраст од 30 до 79 години пати од зголемен крвен притисок, кој често е последица од претерана консумација на сол.

Дури 51 од 53 европски земји дневно просечно консумираат количина на сол над највисоко препорачаното ниво на СЗО од 5 грама или една мала лажичка, главно поради консумација на преработена храна или претерано посегнување по грицки.

- Advertisement -

СЗО предупредува дека претераната консумација на сол го зголемува артерискиот притисок, кој е еден од главните виновници за развој на кардиоваскуларни болести, кои можат да предизвикаат срцев и мозочен удар.

Според статистичките податоци на СЗО, Европа има најголема преваленција на покачен крвен притисок во светот, додека мажите се дури два и пол пати поизложени на ризик од смрт од кардиоваскуларни болести.

- Advertisement -

Исто така, веројатноста да се умре од таквите болести млад, на возраст од 30 до 69 години, е пет пати поголема во источна Европа и во централна Азија отколку во западна Европа.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -