Протеини во крвта можат да предвидат појава на рак седум години порано

- Advertisement -


Револуционерно откритие на научници од Универзитетот Оксфорд открива дека протеини во крвта можат да предвидат појава на рак дури сеу години порано од првата дијагноза. Ова дава нова надеж за рано откривање и детекција на оваа болест.

Научниците анализирале примероци од крв на над 44.000 поединци од Обединетото Крластво од UK Biobank базата на податоци, вклучувајќи над 4.900 такви кои подоцна добиле рак.

- Advertisement -

Научниците ги споредиле протеините кај тие на кои им бил дијагностициран рак и тие кои немале ништо, па идентификувале 618 протеини поврзани со 19 видови на рак, вклучувајќи и рак на дебело црево, на бели дробови и на црниот дроб. Нивната студија, финансираа од страна на Cancer Research UK и објавена во списанието Nature Communications, пронашла 107 протеини поврзани со рак дијагностицирани седум години по анализата на крвта и 182 протеини поврзани со појава на рак три години после анализата на крвта.

Авторите на студијата велат дека некои од тие протеини може да помогнат во откривањето на ракот многу порано и да понудат нови можности за лекување, иако за тоа се потребни понатамошни истражувања.

- Advertisement -

(The Guardian)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -