Кинескиот производител на електрични возила (EV) Nio го претстави „Нио“, првиот автомобил од својот нов, поевтин бренд Onvo, директно предизвикувајќи го најпродаваниот автомобил на Tesla на пазарот.
Со почетна цена од 219.900 јуани (30.465 долари), теренецот L60 е повеќе од десет отсто поевтин од најпопуларното електрично возило во светот, Tesla’s Model Y, по цена од 249.900 јуани (34.490 долари).
Нио го претстави новиот автомобил во истата недела кога американскиот претседател Џо Бајден најави дека четирикратно ќе го зголеми данокот за увоз на електрични автомобили од Кина, пишува Би-Би-Си. Ова е досега најголемата акција на Америка против кинеските автомобили, но нема да застане само на автомобилите.
Како и другите производители на електрични возила, Tesla се бори со падот на продажбата во услови на силна конкуренција од кинеските брендови. Теренецот L60 беше претставен во Шангај од Вилијам Ли, извршен директор на Nio. Тој изјави дека компанијата има намера да им конкурира на Tesla Model Y и Toyota RAV4.
„Со развојот на технологиите и зголеменото разбирање на луѓето за паметни електрични возила, време е да се редефинираат новите стандарди за семејните автомобили“, рече Ли.
Компанијата почна да прима нарачки за L60 и планира да започне со испораки до септември. Менаџерите на кинеската компанија истакнаа дека планираат секоја година да лансираат нов модел на Onvo со намера да се прошират на семејниот пазар на автомобили.
Исто така, брендот ќе му помогне на кинескиот производител на електрични возила да изгради присуство надвор од својата матична земја. Сепак, Nio се соочува со царини од 100% наметнати од САД, како и тековната истрага против субвенционирање што ја започна Европската унија за увоз на електрични возила од Кина.
Факт е дека брендовите на електрични автомобили ширум светот се соочуваат со големи предизвици поради побавната продажба и зголемената конкуренција.
Извор – Пословни дневник