Нови цени на горивата

- Advertisement -

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 се намалува за 1,50 денари за литар, а за еден денар за литар се намалува цената на БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 83 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 85,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 73 денари за литар.

- Advertisement -

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 72,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,306 денари за килограм се намалува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 42,629 денари.

Сподели!
- Advertisement -