Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот, ПроКредит Банка воведе сеопфатен бизнис пакет создаден да го зацврсти и поддржи растот на малите и средни претпријатија коишто се управувани од жени или се во нивна сопственост.
Програмата Women in Business е креирана во соработка помеѓу ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а има за цел да им ги обезбеди на жените претприемачи потребните ресурси за да ги надминат предизвиците во бизнисот и да го реализираат својот целосен потенцијал.
Статистиките покажуваат дека жените во Македонија поретко се одлучуваат да започнат сопствен бизнис споредено со мажите, а најголем процент на бизнисите кои се основани од жени, се микро бизниси со големина до пет вработени. Тоа е доказ дека потенцијалот на жената како претприемач е недоволно препознаен и искористен во земјава. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека жените како раководители се повеќе склони кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, квалитети кои се потребни во македонското претприемништво.
Од ПроКредит Банка нагласуваат дека жените претприемачи се соочуваат со низа предизвици, вклучувајќи ја родовата пристрасност, ограничениот пристап до финансии и недостатокот на приспособени производи и можности за вмрежување. За нив, пристапот до финансии е од суштинско значење за инвестирање во нивниот бизнис и постигнување на нивните деловни цели. За таа цел, ПроКредит банка креираше комплетна понуда, специјално дизајнирана да одговори на нивните потреби.
„Поддршката на жените во претприемништвото е клучнa за создавање одржлива и инклузивна економија. Охрабрувањето на повеќе жени да заземат претприемачки и лидерски позиции не е само прашање на промовирање на родовата еднаквост, туку и на женското претприемништво кое може дополнително да придонесе за развојот на економијата во нашата држава. Преку оваа иницијатива, жените претприемачи имаат можност да добијат олеснет пристап до кредити без потреба од хипотека, со флексибилни рокови на отплата и грејс периоди. Со тоа им обезбедуваме пристап до финансиски ресурси со услови специјално креирани да одговараат на нивните бизнис планови. Секоја жена сопственик на бизнис ќе има свој банкарски советник, кој со стручни насоки и поддршка ќе помогне и поттикне раст и развој на бизнисот“ – изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.
Програмата Women in Business опфаќа и целосен пакет на банкарски услуги приспособени да ги задоволат потребите на жените претприемачи, од решенија за целосно дигитално банкарство до кредитни картички, како и пристап до работилници, менторство и настани за вмрежување, овозможувајќи поврзување со истомисленици и проширување на своите професионални мрежи.
Александра Вукосављевич, Директор на финансиски институции, Западен Балкан, ЕБОР, изјави: „Женското претприемништво игра клучна улога во создавање работни места и поттикнување на економскиот раст. Ние цврсто веруваме во тоа дека создавањето еднакви можности за жените во бизнисот не е само прашање на родова еднаквост, туку и економски приоритет. Затоа во земјите каде што работиме ги поддржуваме жените претприемачи да ги остварат своите цели и да бидат повеќе инволвирани во бизнис заедницата“.
Родовата еднаквост, инклузивноста и еднаквите можности се принципи во ПроКредит Банка поставени уште од нејзиното основање и остануваат основни темели на нивната корпоративна култура до ден денес. Потврда за тоа е 84% учеството на жени на раководителски позиции што е далеку повисоко во однос на просекот во банкарскиот сектор. Овој факт сам по себе зборува дека на жените не им е дадена само шанса да се вработат, туку и можност за развој, кариера, напредување и вреднување на нивниот труд. Преку промоција на овие вредности и надвор од институцијата, преку поттикнување инклузија и женско претприемништво во локалната економија, банката има за цел да придонесе кон креирање работни места и стимулирање на економскиот развој преку иновации, конкурентност и понапредни деловни практики.
Сите информации и услови за новиот бизнис пакет за жени претприемачи е достапен на следниот линк.
https://tas-mk.toboads.com/ads.php?b=2&rq=1f318cf6-bb8a-e4b4-152a-f6a4db95b727&vt=2da09e63-e321-4354-bdd9-2833eec61e46&isf=false&tm=0&af=300×250&fv=undefined&nw=0&co=1&eid=gffbef0f61f&vh=703&vw=1536&asc=0&srf=https%3A%2F%2Fbankarstvo.mk%2Fwomen-in-business-unikaten-biznis-paket-od-prokredit-banka-i-ebor-za-poddrshka-na-zheni-pretpriemachi%2F&loc=eq-srf&rn=b5d28702-4abd-0968-b67d-ef77231de368&ct=1ff05992-c281-5216-899a-d0b15bbf67bb&c=hA_c_1_ba5b8b1e&ah=0&L=bb6e1d37-232a-4c43-a720-b0a5af4830ce&afs=undefined&sck=69eecd67378dc6b82e4c9dd2eec9eaec3e1af57d&
СЛИЧНИ ТЕМИ:WOMEN IN BUSINESSАЛЕКСАНДРА ВУКОСАВЉЕВИЧЕБОРЕМИЛИЈА СПИРОВСКАПРОКРЕДИТ БАНКА АД
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ
- ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ
- Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја
- ПроКредит Банка АД Скопје издаде нова емисија на акции во вредност од шест милиони евра
- ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР го лансираше новиот ПроБиз пакет за поддршка на младите претприемачи
- ПроКредит Банка се грижи за здравјето на своите вработени
- ПроКредит Банка воведе нови функционалности во електронското банкарство за своите клиенти
БАНКИ
Вицегувернерката Нацевска: Продолжуваат активностите на Народната банка за развивање на домашниот финансиски пазар
Објавено пред 20 часа
на 20 мај, 2024
„Ефикасното спроведување на монетарната политика, покрај од мерките на Народната банка, во голем дел зависи и од функционалноста и натамошниот развој на домашните финансиски пазари, меѓу кои девизниот пазар има клучна улога. Оттаму, Народната банка продолжува со активностите за натамошно унапредување и развивање на домашниот девизен пазар и во таа смисла, искажуваме поддршка за иницијативите и активниот придонес на домашните банки. Во тој процес, нашата институција ја одржува активната соработка со сите релевантни банкарски здруженија, со деловните банки и со сите останати чинители, заради натамошно унапредување и развивање на домашниот финансиски пазар“, порача вицегувернерката Емилија Нацевска во обраќањето на 29-тото годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ коешто се одржа во Струга.
Во обраќањето, вицегувернерката Нацевска нагласи дека Народната банка постојано работи на унапредување на ценовната транспарентност и натамошно продлабочување на домашниот девизен пазар. „За задржување на професионализмот и за усогласување со најдобрите меѓународни практики, се разгледуваат можностите за прифаќање на глобалниот кодекс за девизниот пазар (FX Global Code), како во Народната банка, така и од страна на банките. Оттаму се и очекувањата дека АЦИ Македонија и Министерството за финансии ќе продолжат со активната соработка за примена на договорот ИСДА на домашните пазари, како можност за подобро интегрирање и достапност на деловните банки до странските финансиски пазари, во склоп на проектот финансиран од ЕБОР за приспособување на домашната правна рамка за деривати и репо-договори со меѓународната практика“, порача Нацевска.
Поволните движења на девизниот пазар коишто беа забележани минатата година се резултат на нормализирањето на побарувачката на девизи од енергетскиот и од останатите водечки корпоративни сектори, а значителен придонес има и натамошното зголемување на понудата на девизи од физичките лица, што е силен сигнал за довербата во домашната валута. „Ваквите позитивни движења на девизниот пазар изминатата година придонесоа за релативно обемни интервенции на Народната банка за откуп на вишокот девизни средства од банкарскиот систем, коишто беа близу до рекордните нивоа пред пандемијата“, кажа вицегувернерката Нацевска. Поволните трендови на домашниот девизен пазар и на почетокот на тековната година влијаат поволно врз нивото на девизните резерви. Со тоа, според сите релевантни меѓународни одредници, показателите за адекватноста на девизните резерви се постојано во сигурната зона, гарантирајќи ја стабилноста на курсот на домашната валута.
БАНКИ
Средба Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност
Објавено пред 4 дена
на 17 мај, 2024
Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4%, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30% во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, којашто се одржува во Порторож, Словенија.
Камер истакна дека претпазливите политики на Народната банка беа клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.
Гувернерката посочи дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намали и се сведе на пониски едноцифрени стапки, додека јазот помеѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намали. Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност до г. Камер за значајната поддршка којашто ММФ ѝ ја дава на Народната банка во справувањето со неодамнешните незапаметени шокови.
БАНКИ
Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
Објавено пред 4 дена
на 17 мај, 2024
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и на дипломатските претставништва на Бугарија, Кина, Косово, САД, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Шведска.
Во презентацијата беше наведено дека се предвидува натамошно забавување на инфлацијата, којашто минатата година се сведе на едноцифрено ниво, во согласност со остварувањата во првиот квартал оваа година, со просечна годишна стапка од 3,4%, коишто се пониски од октомвриските проекции. Се предвидува дека просечната инфлација за 2024 година ќе забави сведувајќи се на 3,5%, од 9,4% минатата година, одразувајќи го натамошниот пад на цените на нафтата и храната на светските пазари, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и затегнатите финансиски услови. На среден рок, се очекува натамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување на историскиот просек од околу 2%.
Сепак, ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Притоа, гувернерката истакна дека засега е задржана определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ.
Осврнувајќи се на останатите макроекономски показатели, гувернерката посочи дека при раст на глобалната економија, а особено на нашите трговски партнери, се очекува дека македонската економија ќе расте со стапка од 2,6% оваа година и 3,6% во следната година, а потоа растот умерено ќе забрза на среден рок. При проектирани солидни нето-приливи на финансиската сметка, коишто би го надминале умерениот дефицит на тековната сметка, се очекува натамошен раст на девизните резерви, како гаранција за стабилноста на девизниот курс.
Глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата за водење претпазливи домашни макроекономски и структурни политики. Народната банка внимателно, на дневна основа, и натаму ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.
https://bggde.adocean.pl/files/akajfdmooio/wiglbwojiu/tertgonhoj/index.html#clickTag=https://gdebg.hit.gemius.pl/lshitredir/id=B9BAre8rD1NiXfsBmB.HtZSr35iGZvtl09uPyqf7nYP.l7/fastid=gqxvuneeqeclyihugpfxgovghglw/stparam=qccjktpjxy/roc=0/url=https%3A%2F%2Fnlb.mk%2F%25D0%25A4%25D0%25B8%25D0%25B7%25D0%25B8%25D1%2587%25D0%25BA%25D0%25B8_%25D0%25BB%25D0%25B8%25D1%2586%25D0%25B0%2F%25D0%259F%25D0%25BE%25D0%25BD%25D1%2583%25D0%25B4%25D0%25B0%2F%25D0%259A%25D1%2580%25D0%25B5%25D0%25B4%25D0%25B8%25D1%2582%25D0%25B8%2F%25D0%259D%25D0%259B%25D0%2591_%25D0%2592%25D0%25B8%25D0%25BE%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2582%25D0%25BE%25D0%25B2%25D0%25B8_%25D0%25BA%25D1%2580%25D0%25B5%25D0%25B4%25D0%25B8%25D1%2582%25D0%25B8.aspx%23tab-87
https://ad.doubleclick.net/ddm/adi/N6027.5253635BANKARSTVO.MK/B31759915.392939004;dc_ver=101.296;dc_eid=40004001;sz=300×250;u_sd=1.25;nel=1;dc_adk=65025168;ord=nasm7y;uach=WyJXaW5kb3dzIiwiMTAuMC4wIiwieDg2IiwiIiwiMTI1LjAuNjQyMi42MCIsbnVsbCwwLG51bGwsIjY0IixbWyJHb29nbGUgQ2hyb21lIiwiMTI1LjAuNjQyMi42MCJdLFsiQ2hyb21pdW0iLCIxMjUuMC42NDIyLjYwIl0sWyJOb3QuQS9CcmFuZCIsIjI0LjAuMC4wIl1dLDBd;dc_rfl=0,https%3A%2F%2Fbankarstvo.mk%2Fwomen-in-business-unikaten-biznis-paket-od-prokredit-banka-i-ebor-za-poddrshka-na-zheni-pretpriemachi%2F$0;xdt=0;crlt=BS0AS!XRhi;stc=1;chaa=1;sttr=126;prcl=s
https://ads.epp.mk/www/images/122812e7f8be67e45dbc43f2fa14c1fe/index.html?clickTag=https%3A%2F%2Fads.epp.mk%2Fwww%2Fdelivery%2Fcl.php%3Fbannerid%3D120%26zoneid%3D30%26sig%3D9b72b563ed6908f3238f87bd4f84c47713e7fb9350f1efc9fe8e5efb54cdcef1%26dest%3Dhttps%253A%252F%252Fkb.mk%252Fkb-paketi.nspx
Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска: Македонските менаџерки составен дел од успешни бизнис приказни
БАНКИпред 17 часаЗапочнува караванот за финансиско советување на НЛБ БанкаДОМАШНИ БАНКИпред 18 часаРекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди гоодбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“БАНКИпред 20 часаВицегувернерката Нацевска: Продолжуваат активностите на Народната банка за развивање на домашниот финансиски пазарНБРМпред 21 часСоветничката Милица Арнаудова – Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање
ПОПУЛАРНО
- ДОМАШНИ БАНКИпред 2 месециД-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- БАНКИпред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- БИЗНИСпред 1 месецКИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- БАНКИпред 1 месецОглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- ДОМАШНИ БАНКИпред 2 месециШпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- ДОМАШНИ БАНКИпред 2 месециД-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка
- ОСТАНАТОпред 4 неделиКралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите
- ДОМАШНИ БАНКИпред 2 месециКомерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“од магазинот Global Finance
Банкарство.мк го сочинува новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.
Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange