Ако ви се лоши додека се возите, Apple смисли решение за вас

- Advertisement -

Додека некои уживаат во патувањето, за други секое возење со автоммобил е стресно и и се плашат од секое патување со автомобил, автобус или брод. Но, дури и тие што немаат никакви проблеми со гадење при патување, може да почувствуваат мачнина ако гледаат во екранот од телефонот подолго време.

Иако постојат различни таблети за ублажување на симптомите, тие не помагаат секогаш. Затоа, минатата недела Apple најави нови опции со идните верзии на iOS и iPadOS, кои ќе бидат достапни за корисниците на iPhone и iPad.

- Advertisement -

Меѓу другото, ја најавија опцијата Vehicle Motion Cues, односно опција за прикажување на ознаки за движењето на возилото. Таа опција дизајнерите и инженерите на Apple ја осмислиле за да им помогнат на луѓето на кои им се лоши при возење, особено за тие што гледаат во екран додека се возат.

Како што објаснија од Apple, се повикуваат на резултатите на некои истражувња според кои причината за таквите проблеми во возење е тоа што не се совпаѓаат сетилата на лицето што се вози и она што го гледа. Затоа патниците не можат да гледаат во екран додека се движат.

- Advertisement -

РЕшението на Apple е прикажување на ознаки за движењето, Во текот на движењето на екранот на iPhone се прикажани точки сместени покрај рабовите кои се движат во обратен правец од самиот автомобил. Тоа значи дека кога возилот забрзува, точките одат наназад, односно надолу, а кога возилото оди назад, точките одат напред, кога оди лево, точките одат надесно итн.

Како изгледа тоа во пракса погледнете на страниците на Apple.

- Advertisement -

Корисниците оваа опција можат автоматски да ја вклучат кога се наоѓаат во автомобил и точките сами ќе се појават на екранот. Оваа опција на iPhone ја очекуваме во склоп на iOS, што треба да се случи за околу четири месеци.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -