ВИДЕО: Ова е првиот подводен автомат за слатки во светот

- Advertisement -

Компанијата Airheads го претстави првиот подводен автомат за слатки, кој може да се користи во базени, а единствената валута е забава. Бидејќи на лето чувствуваме носталгија по деството и бескрајната забава како дете, компанијата Airheads се надева дека ова лето ќе им го разубави на сите со својата нова иновација, чија главна цел е да ги врати возрасните во базен.

Станува збор за автомат за слатки, кој функционира под вода. Инспирацијата за тоа ја добиле од нивното истражување, кое укажало на значителни промени на навиките на возрасните кога станува збор за пливањето. Речиси 3/4 од возрасните признале дека не пливаат толку често како во детството, а слатките задоволства како Airheads асоцираат на летните денови поминатив во базен. Затоа, со новата иновација Airheads сака да ги оживее убавите спомени и да ги охрабри возрасните да се вратат во базен, да пливаат и да нуркаат.

- Advertisement -

„Нашиот автомат Underwater Vending Maschine сигурно ќе ги привлече возрасние да се скокнат во базен и повторно да се почувствуваат безгрижно како дете во текот на летото“ велат од Airheads.

Автоматото функционира на длабочина до 2,5 метри благодарение на водоотопорниот дизајн и воздушниот погонски систем, кој ги лансира слатките кон пливачите. Меѓутоа тие што сакаат да земат слатки не треба да користат пари, туку доволно е да направат некоја водена лудорија која автоматот ќе ја побара од нив.

- Advertisement -

Како изгледа тоа во пракса можете да видите од промотивното видео во прилог.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -