“Ти посакуваме подароков никогаш да не го искористиш, но убаво е да го имаш при себе„
Македонската Финтек Компанија МИНТ, како и секогаш избра покрај редовните бонуси и корпоративни награди да најде начин и на поинаков начин да ги награди своите вработени. Овој пат тоа беше несекојдневен подарок за нив и нивните деца. Станува збор за полиси за дополнително здравствено осигурување во приватни клиники, што компанијата ја чинат повеќе илјади евра.
Имено, во електронската комуникација испратена до своите вработени, менаџментот на ваков начин им го соопшти подарокот:
„Драга наш/наша …
Знаеме дека највредниот подарок што може да го дадеме за тебе и твоите најблиски, како лојален вработен кој посветено инвестира во развојот на компанијата е грижата за твоето и здравјето и благосостојбата на твоите најмили.
Во овој динамичен свет кога често забораваме да се храниме здраво, иако овошјето и протеинските закуски се достапни во текот на работниот ден кај нас, или кога ја забораваме опремата за фитнес тренингот во нашиот фитнес центар 😊, ние одиме чекор понатаму и одлучивме да ти подариме нова полиса за дополнително здравствено осигурување, за тебе и твоите деца.
Со оваа полиса за дополнително здравствено осигурување ти обезбедуваме пристап до врвна здравствена и медицинска грижа, во сите приватни здравствени установи, породување, специјалистички прегледи, дијагностички анлизи, хируршки зафати и лекувања кои не се покриени со задолжителното здравствено осигурување.
Ова не е обичен подарок, тоа е знак на нашата непрекината грижа за здравјето на секој наш вработен, и иако посакуваме никогаш да не го употребиш овој подарок, сепак убаво е да го имаш кај себе.
П.С. Секако дека ќе ни биде посебно драго доколку го употребиш овој подарок за породување, па да можеме уште еднаш да прославиме со превкусни мекици или крофни. И да броиме екстра подароци за децата на МИНТ, кога ќе доаѓа Дедо Мраз.
Твоја Минт Финтек Група“
Несекојдневниот начин на мотивирање на вработените кој што Минт Финтек Групација, која ја сочинуваат Минт Кредити, Минт Осигурителен Брокер, Минт Травел и Минт Бонус, го спроведе преку својата дивизија МинтИнс Осигурителен Брокер – платформа за избор на најквалитетна, а не најефтина полиса за дополнително здравствено осгурување за сите вработени во групацијата. Ова е уште еден начин да се подигнат стандардите кои ги има оваа комапнија за своите вработени. Во склоп на МИНТ Финтек Групацијата е и МИНТТравел – дивизијата за туризам, се надеваме дека таа можеби ќе биде следна на потег да го изненади МИНТ тимот.