ВИДЕО: Лаптоп без екран

- Advertisement -


Несомнено, екранот е клучен дел од секој лаптоп. Меѓутоа, што ако ви кажеме дека постои уред без тој дел? Имено, компанијата Sightful го претстави Spacetop G1 – преносен компјутер кој чини околу 1.750 евра и нема традиционален дисплеј. Наместо тоа, користењето на овој лаптоп бара пар очила за проширена реалност.

Овој лаптоп беше развиван речиси три години од страна на ветерани од компаниите Apple, Microsoft и Magic Leap. Долниот дел е стандарден и вклучува тастатура со 79 копчиња, тачпад и две USB-C порти. Она што го прави посебен е горниот дел. Наместо обичен екран, лаптопот има простор за AR очила кои имаат двојни OLED дисплеи со резолуција од 1920 x 1080 и брзина на освежување од 90 Hz.

- Advertisement -

Овие очила создаваат огромен виртуелен работен простор од 100 инчи или барем илузија на таков простор. Бидејќи видното поле достигнува и до 50 степени, корисниците нема да можат да го видат целиот работен простор одеднаш, па ќе мора да ја движат главата за да гледаат различни делови.

Од компанијата Sightful истакнуваат дека овој речиси бесконечен работен простор во комбинација со прилагодениот просторен оперативен систем наречен SpaceOS (базиран на ChromiumOS), би можел значително да ја зголеми продуктивноста и креативноста на корисниците.

- Advertisement -

Spacetop G1 е опремен со моќен чип Snapdragon 8cx Gen 3. Има и посебна графичка компонента, Adreno 740 GPU, која го подобрува приказот на слики и видеа, и Hexagon NPU, кој особено помага во обработката на сложени задачи како што е вештачката интелигенција.

Лаптопот доаѓа со 16 GB RAM и има 128 GB простор за складирање. Се проценува дека траењето на батеријата е до осум часа со едно полнење, со брзо полнење од 63 W. Уредот вклучува и веб камера од 5 MP за видео повици, со висока резолуција до 2592 x 1944.

- Advertisement -

(Index.hr)

(фото: Sightful)

Сподели!
- Advertisement -