Руски космонаут стана првиот човек кој поминал 1.000 дена во вселената

- Advertisement -

Рускиот космонаут Олег Кононенко стана првиот човек кој поминал вкупно илјада дена во вселената. Кононенко го постави овој рекорд во средата, за време на неговиот петти лет во вселената и неговиот трет „мандат“ како командант на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Тој во февруари годинава го собори кумулативниот рекорд за престој во вселената, кој претходно го постави неговиот сонародник Генади Падалка. Последното патување на Кононенко на Меѓународната вселенска станица започна во септември 2023 година, заедно со астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и сонародникот Николај Чуба.

- Advertisement -

Руската вселенска агенција Роскосмос во соопштение за печатот изјави дека Кононенко стана првиот човек на светот кој го постигнал овој подвиг.

Кононенко треба да остане една година на станицата, а неговото враќање на Земјата е планирано за септември оваа година. Ако се оди според планот, дотогаш ќе „собере“ 1.110 дена во орбитата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Inverse)

Сподели!
- Advertisement -