По синоќешното претставување на новите производи на Apple, Елон Маск реагираше на својот профил на X платформата. На отворањето на синоќешната конференција посветена на програмерите, Apple претстави бројни новитети, најголеми во однос на софтверот и услугите во последните години. Додека новите верзии на оперативни системи за телефони, таблети, часовници и AppleTV донесоа помалку или повеќе очекувани новитети, најмногу се зборуваше за вештачката интелигенција или како што ја нарекоа од оваа компанија – Apple Intelligence.
Иако Apple не воведе никакви револуционерни иновации кога станува збор за вештачката интелигенција, начинот на кој оваа технологија е интегрирана во iPhone, iPad и Mac најверојатно ќе ги задоволи корисниците на тие уреди, како и интеграцијата на ChatGPT.
Но, иако многу сопственици на уредите на Apple едвај чекаат да ја тестираат оваа технологија, не се сите среќни и задоволни. Еден од незадоволните е – Илон Маск. Објавата на Apple го вознемири толку многу што, верувале или не, се закани дека ќе ја забрани употребата на уредите на Apple во неговите компании. Имено, за него е проблематична соработката со OpenAI, компанија во која тој учествуваше во основањето, но која потоа ја тужел.
Во објава на својата X платформа тој напиша дека Apple нема поим во што навлегува и дека соработката меѓу овие две компании е неприфатливо нарушување на безбедноста. Тој смета дека е апсурдно што тимот во Apple не е доволно паметен за да развие сопствена вештачка интелигенција, но тие се сметаат себеси за способни да се осигураат дека OpenAI ќе ги заштити безбедноста и приватноста на корисниците. Сопствениците на уреди на Apple ќе можат да пристапат до ChatGPT преку Siri, при што корисниците ќе треба да дадат дозвола да ги споделат своите прашања со алатката за вештачка интелигенција. На овој начин ChatGPT може да се користи директно преку Siri, без потреба од отворање на посебна апликација. Маск го смета, како што напиша, ср*** и вели дека Apple требало да го задржи ChatGPT во посебна апликација.
Покрај критиките за соработката, Маск дури се закани дека ќе ја забрани употребата на уредите на Apple во неговите компании во случај на интеграција на OpenAI во оперативниот систем на iPhone, iPad и Mac. На платформата X, Маск директно одговори на објавата на Тим Кук и напиша дека во случај Кук да не го спречи овој „страшен шпионски софтвер“, ќе ги забрани уредите на Apple, а секој што ќе дојде во неговите компании ќе мора да ги остави на влезот. Новинарите на CNBC го контактирале Apple и им било кажано од компанијата дека компанијата користи сопствена вештачка интелигенција, додека интеграцијата со OpenAi е опционална.
(Zimo)
(фото: Flickr)