Климатските промени имаат влијание врз производството на храна, но на експертите потребни им се долгододишни податоци за да направат една квалитетна анализа и стратегија. Според мерењата на УХМР последните години се потопли, а со тоа и вегетацијата на растенијата е поместена за две до три недела.
Оваа година временските прилики беа погодни за житните култури.
Бубе Трајковски, кој е еден од најголемите производители на житни култури во земјава вели за да имаме одржливо произвоство на житни култури кои ќе дадат добри приноси и покрај климатските промени потребно е користење на фунгициди. Трајковски успеал да го дуплира производството на житото.
Климатските промени донесоа низа на болести на земјоделските култури. Научната фела смета дека токму поради ова треба да се работи на откривање на нови хибриди, а осбено на кочанскиот ориз кои ќе бидат отпорни и прилагодливи на новите климатски услови.
Штипскиот земјоделски факултет денеска беше домаќин на четвртото меѓународно научно советување, а на едно место ги осбра научната фела, студентите и земјоделците.
Извор – Телма телевизија