ЕУ одобри употреба на ГМО пченка

- Advertisement -

Европската комисија (ЕК) одобри две генетски модифицирани култури на пченка и го продлабочи одобрувањето за употреба на друга генетски модифицирана култура на пченка за храна, за луѓе и животни, објави ЕК. Одлуките за одобрување на Комисијата дозволуваат увоз на таа генетски модифицирана пченка само за употреба во храна и добиточна храна, но не и за одгледување во ЕУ. Таа пченка поминала низ сеопфатна и строга процедура за евалуација која обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните и животната средина, се вели во соопштението за медиумите кое го пренесува Index.hr.

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) издаде позитивна научна оценка во која заклучи дека оваа генетски модифицирана пченка е безбедна како и конвенционалната пченка, објави ЕК.

- Advertisement -

Одобрувањата важат десет години, а сите производи произведени од тие генетски модифицирани култури ќе подлежат на строги правила за етикетирање и следливост на ЕУ. Комисијата има законска обврска да одлучува за овие одобренија откако земјите-членки нема да постигнат квалификувано мнозинство за или против одобрувањето во Постојаниот комитет и подоцнежната комисија за жалби, се вели во соопштението.

(B92)
Фото – Needpix

Сподели!
- Advertisement -