оходот кој го остварувате по основ на издавање во закуп или подзакуп на станбени простории, соби, апартмани, простории за одмор и рекреација (викендици), гаражи и сл. непосредно или преку AirBnb , Booking.com, FB, Кајак и други платформи подлежи на оданочување со данок на личен доход и истиот треба да се пријави во Управата за јавни приходи преку системот „е-Даночни услуги“.
Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што сте го оствариле.
Висината на нормираните трошоци со кои може да го намалите остварениот доход изнесуваат:
- 10% од износот на доходот (за неопремен простор)
- 15% од износот на доходот (за опремен простор)
Пријавувањето на доходот од издавање во закуп или подзакуп на недвижен имот на друго физичко лице, задолжително се врши до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е даден во закуп или подзакуп со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) и докази преку системот е-Даночни услуги e-ujp.ujp.gov.mk
Брошура за оданочување на доход од закуп и подзакуп http://ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1048/08-20_1_Brosura_odanocuvanje_na_dohod_od_zakup_i_podzakup_02.01.2024.pdf