Ова е најчудната работа во светот: бришач на пот

- Advertisement -

Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, се најде на удар на критики за време на турнирот во Копа Америка, бидејќи ангажирал човек чија единствена работа е да ја брише потта од главата.

Имено, Тапија, инаку потпретседател на комуналното претпријатие CEAMSE од Буенос Аирес, полуфиналниот дуел меѓу Аргентина и Канада го следел од трибините, а јавноста и навивачите се згрозиле кога виделе како ангажирал човек без никаква потреба и го ставил на платниот список на синдикатот.

- Advertisement -

„Се однесува како кралско семејство“, „Само на Тапија му треба некој да му ја избрише потта“, „Овој тип како да излегол од филм на Скорсезе. Типично мафијашко прасе кое живее од туѓи пари“, се само дел од коментарите на згрозените Аргентинци.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: nara.getarhive.net)

Сподели!
- Advertisement -