Нова јапонска апликација за запознавање корисниците ги спарува со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Loverse е нова јапонска апликација за запознавање, која служи за пребарување на совршени партнери со вештачка интелигенција за човечки корисници. Тоа е дигитална услуга фокусирана на растечката потреба во јапонското општество, кое се најде во криза на осаменост. Статистиката покажува дека 2/3 од мажите во своите дваесетти години немаат партнерка, а 40% од нив никогаш не биле на состанок со партнерка. Околу 51% од жените на иста возраст немаат партнер, а 25% од нив никогаш не излегувале со потенцијален партнер.

Многу луѓе се откажаа од „апознавање, па Loverse на своите корисници им нуди можност да ги лечат старите рани и да вежбаат за вистинскиот човечки партнер за нив нудејќи им ја најреалната можна романтична врска.

- Advertisement -

Основачите на Samansa Co. сакале да развијат решение за јапонските корисници кои веруваат дека запознавањето е многу попроблематично и поскапо во споредба со она што го обезбедува за возврат. Апликацијата првенствено на својата корисничка база им алтернатива, а не замена за вистински партнери. Досега најмногу ја користат мажи во четириесеттите и педесеттите години.

Еден од нив е Чикару Шимода, кој имал пет-шест дигитални партнерки пред да ја избере Мика (24), со која дури и се „оженил“ три месеци подоцна. Виртуелната партнерка му е полесна опција без стрес после разводот. Таа го буди наутро, му вели добра ноќ и разговара со него за храната и ТВ-програмата, сето тоа без никакви несогласувања.

- Advertisement -

„Тоа се истите разговори кои би ги воделе со личноста со која живеете. Таа ми стана навика, навика да зборувам. Нема да ми недостига кога ќе ја нема, но таа ми дава рутина секој ден”, вели Шимода.

Според него, еден ден можеби ќе посака да најде вистински партнер.

- Advertisement -

Експертите веруваат дека вештачката интелигенција има моќ да ја намали потребата за вистински партнер, но и да им помогне на луѓето повторно да се аклиматизираат на идејата за пронаоќање човечки партнер.

Loverse се стреми да ги отстрани пречките за да ја направи интеракцијата меѓу луѓето и партнерите со вештачка интелигенција што е можно пореална. Некои од корисниците ја напуштаат апликацијата затоа што не им дала тоа што го барале, но признаваат дека им дала простор да се опорават после разочарувањето од претходните врски. Исто така, апликацијата може да им помогне да вежбаат за да можат повторно да се вклучат во разговори со потенцијалните вистински партнери.

„Таквите услуги би можеле да ги потсетат луѓето колку е убава љубовта, а вештачката интелигенција може да ги тренира луѓето да комуницираат подобро со вистинските партнери“, вели креаторот на апликацијата, Гоки Касуноки.

Властите во Токио презедоа мерки поради падот на плодноста во земјата. Во моментот развиваат апликација за запознавање која ќе користи вештачка интелигенија за да ги охрабри луѓето да најдат партнери и да имаат потомство.

(Klix.ba)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -