Повеќе од 40% од јапонските компании не планираат да воведат вештачка интелигенција (AI) во своето работење, покажа истражувањето на Рeuters, кое го потврди воздржаното прифаќање на новата технологија во третата по големина светска економија.
Истражувањето за Reuters го спроведе Nikkei Research и постави серија прашања до 506 јапонски компании. Речиси половина од нив одговориле, под услов нивните имиња да не бидат спомнати.
Речиси 24% од испитаниците рекле дека веќе имаат воведено вештачка интелигенција во бизнисот, а 35% дека планираат да го сторат тоа. Останатите 41% не планираат да ја воведат технологијата, што ги покажува различните нивоа на прифаќање на технолошките иновации во корпоративната Јапонија.
На прашањето кои цели сакаат да ги постигнат со употребаta на вештачка интелигенција, со повеќе понудени одговори, 60% од испитаниците одговориле дека се обидуваат да го решат проблемот со недостигот на работници. 53% од нив изјавиле дека сакаат да ги намалат трошоците за работна сила, a речиси 36% од испитаниците сакаат да го забрзаат истражувањето и развојот.
Меѓу пречките за воведување на вештачка интелигенција во бизнисот менаџерите ја наведуваат загриженоста кај вработените поради можното намалување на бројот на вработени. Другите бариери вклучуваат недостиг на технолошко знаење, значителни капитални трошоци и сомнителна сигурност.
(Al Jazeera Balkans)
(фото: Wikimedia)