Научници за прв пат поврзаа човечки мозок директно на интернет

- Advertisement -

Ако ви е доста од пишување мејлови, сурфање или што било што има врска со Интернет, тогаш сте вистински кандидат за истражувањето Brainternet. Имено, научниците развиваат целосно нов начин на конектирање на Интернет директно преку мозокот, како и нови начини на размена на податоци меѓу компјутерите и луѓето.

Група научници од Универзитетот Витс од Јоханесбург по прв успеаја да конектираат човечки мозок на Интернет, што ни најмалку не е лесна задача. За таа цел искористиле електроцефалограм кој детектира и мери електрични сигнали од мозокот за да поттикне невролошка активност која ја испраќа специјализираниот миникомпјутер Raspberry Pi, кој ги пренесува и ги прикажува податоците во облик на веб страници на кои може да се следи мозочната активност.

- Advertisement -

Откако компјутерот ќе се приклучи на мозокот може директно да се управува со веб страниците исто како што ги гледаме на Интернет, односно кога користиме класичен глушец и тастатура. Иако истражувањето е прилично комплицирано и тешко за објаснување без научно-технолошка и биолошка терминологија, битно е да се истакне дека ова е прво успешно истражување од овој вид кое директно го врзува мозокот на Интернет.

Научниците со ова истражување се обидуваат да го поедностават човековото разбирање на сопствениот и туѓите мозоци, а целта на истражувањето е да се овозможи интеракција меѓу корисникот и неговиот мозок.
Овој облик на комуникација со Интернет на сите кои на кој било начин се спречени на вообичаен начин да го користат Интернетот би им овозможил истото да го направат директно со мозокот. Спојувањето на компјутерскиот систем за испраќање и примање податоци и човечки електрохемиски процеси во мозокот на високо ниво ќе следува во подалечна иднина затоа што човечкиот мозок е целосно различен од другите компјутерски единици и бара уште повеќе истражување и разбирање.

- Advertisement -

Ако програмирањето стане доволно напредно ќе можеме да испраќаме електрични сигнали можеби дури и во облик на податоци во мозокот на луѓе чија мозочна кора е приклучена на EEG читач. Сепак, тоа е веќе далечна иднина затоа што мозокот е многу поинаков тип на „процесор“ во споредба со дигиталните компјутери.

 

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -