Јапонски супермаркет користи вештачка интелигенција за да ја следи насмевката на работниците

- Advertisement -

Според South China Morning Post, големиот јапонски синџир супермаркети AEON имплементирал нов систем за следење на лицето со вештачка интелигенција во своите продавници, кој не ги следи клиентите, туку вработените.

Системот наречен Mr Smile е развиен од јапонската компанија InstaVR, која тврди дека може точно да го процени однесувањето и расположението на продавачите врз основа на повеќе од 450 карактеристики, кои покрај насмевките, go вклучуваат и начинот на кој им се обраќаат на клиентите, должината на нивниот говор и тонот со кој им се обраќаат на луѓето.

- Advertisement -

Резултатите од анализата се прикажуваат во форма на картички за поединечни податоци за вработените, медали и оценки во стилот на видеоигри, по што продавачите можат да ја коригираат својата насмевка и однесување за да добијат повисоки оценки и да им угодат на нивните шефови.

Би рекле дека тоа е типично за Јапонците, каде што насмевките, поклоните и прецизно пропишаните начини на постапување со клиентите се дел од културата, бонтонот, па дури и честа.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -