Астронаути ќе ја облетаат Месечината по прв пат од 1972 година

- Advertisement -

Вселенската мисија Artemiѕ 2, која астронаутите ќе ги однесе на пат околу Месечината по прв пат од 1972 година, е закажана за ноември 2024 година соопшти американскаста вселенска агенција НАСА.

Тој распоред го овозможи мисијата Artemiѕ 1, која заврши во декември минатата година, после околу 25 дена престој во вселената. Леталото Orion, во кое немаше екипаж за првиот пробен лет, успешно престојуваше во орбитата околу Месечината пред да се врати на Земјата.

- Advertisement -

Од НАСА наведуваат дека продолжуваат со детална анализа на таа мисија. НАСА годинава треба да ги соопшти имињата на четворицата астронаути кои ќе бидат во екипажот на мисијата Artemis 2. Засега е познато само дека еден од астронаутите ќе биде од Канада.

Мисијата само ќе ја обиколува Месечината во период од десет дена и нема да слетува. Потоа е предвидено да се реализира мисијата Artemiѕ 3, во текот на која астронаутите ќе се спуштат на Месечината.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -